600 ПАТНИЦИ ПРЕСПАЛЕ ВО АВИОНИ НА АЕРОДРОМОТ ВО МИНХЕН ОТИ ВРАБОТЕНИТЕ СИ ЗАМИНАЛЕ ДОМА

    600 ПАТНИЦИ ПРЕСПАЛЕ ВО АВИОНИ НА АЕРОДРОМОТ ВО МИНХЕН ОТИ ВРАБОТЕНИТЕ СИ ЗАМИНАЛЕ ДОМАШест авиони вечерта не успеале да полетаат пред да се затвори аеродромот во 1 часот по полноќ поради лошите временски услови.

    Околу 600 патници поминале цела вечер во авиони на аеродромот во Минхен бидејќи возачите на автобусите кои ги превезуваат од аеродромската зграда до паркирните позиции си заминале дома.

    Шест авиони минатиот четврток навечер не успеале да полетаат пред да се затвори аеродромот во 1 часот по полноќ поради лошите временски услови. Патниците и екипажите веќе биле влезени во авионите спремни за полетување, но бидејќи минхенскиот аеродром има ограничувања за летови после полноќ, а врнело многу снег, тие не можеле ниту да се симнат од авионите, ниту да го напуштат аеродромот, бидејќи немало кој да ги пренесе до терминалот.

    Заробени биле пет авиони на „Луфтханза“ и еден на „Ер Арабија“.

    Патниците на авиокомпанијата „Луфтханза“ прашале дали можат да влезат во аеродромската зграда, но им било кажано дека тоа е забрането и дека сите возачи на автобуси си заминале дома.

    „Немаше храна ниту пијалаци за нас. Немаше ниту ќебиња. Едноставно останавме заглавени во авионот заедно со екипажот“, велат патниците.

    Аеродромот во Минхен е 10-ти најпрометен во Европа и вообичаено се затвора на полноќ, но тој ден добил дозвола да работи уште еден час подоцна поради снегот што бил причина да има голем број откажани летови и доцнења на авионите.

    Аеродромската полиција подготвила извештај за инцидентот, кој треба да биде доставен до јавниот обвинител. Како што велат од полицијата засега не се поднесени никакви пријави до полицијата од страна на засегнатите патници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира