ДО 31 МАРТ ТРАЕ ПОВИКОТ НА ШВЕДСКАТА АМБАСАДА ЗА НОМИНАЦИИ ЗА МЕЃУНАРОДНАТА НАГРАДА „МЛАДИНСКА ХРАБРОСТ“

    ДО 31 МАРТ ТРАЕ ПОВИКОТ НА ШВЕДСКАТА АМБАСАДА ЗА НОМИНАЦИИ ЗА МЕЃУНАРОДНАТА НАГРАДА „МЛАДИНСКА ХРАБРОСТ“Ланските добитници на меѓународната награда „Младинска храброст“. (Фото: Шведска амбасада)

    До 31 март трае повикот на Шведската амбасада во Македонија за номинации за меѓународната награда „Младинска храброст“, кој е отворен од 27 јануари.

    Наградата „Младинска храброст“ од 2015 им се доделува на млади со цел „да се истакнат младите на возраст од 13 до 20 години, кои со мали ресурси направиле голема разлика и покажале морална храброст и посветеност“.

    Зад иницијативата стои Академијата Раул Валленберг (RWA). Од 2021 наградата е меѓународна.

    Наградата, за шведски и меѓународни добитници, се состои од диплома и патување „по стапките на Раул“ во Стокхолм заедно со другите добитници.

    Официјалната церемонија на доделување се одржува во Стокхолм во рамките на одбележувањето на Денот на Раул Валленберг на 27 август, во присуство на претставници од шведската влада, граѓанското општество и бизнис-секторот.

    Номинациите треба да содржат кусо образложение (до 1.000 карактери) зошто номинираното лице треба да ја добие наградата, и треба да се испратат н мејлот на амбасадата: [email protected] најдоцна до 31 март 2026 . Номинација може да поднесе секој за друго лице или за себеси.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира