ПО 5 ГОДИНИ ЗАТВОР И ПРОТЕРУВАЊЕ ОД ЗЕМЈАВА ЗА ТРОЈЦАТА ТУРСКИ ДРЖАВЈАНИ КОИ МУ ПОМОГНАА НА СОНАРОДНИК ДА ИЗБЕГА ПО УБИСТВО ВО ШТИП

    ПО 5 ГОДИНИ ЗАТВОР И ПРОТЕРУВАЊЕ ОД ЗЕМЈАВА ЗА ТРОЈЦАТА ТУРСКИ ДРЖАВЈАНИ КОИ МУ ПОМОГНАА НА СОНАРОДНИК ДА ИЗБЕГА ПО УБИСТВО ВО ШТИПНа претходно судење, убиецот на 13 јануари 2026 беше осуден на 17 години затвор и протерување од земјата по издржувањето на изречената казна. (Фото: СДК.МК)

    Тројца турски државјани кои лани му помагнале на пријателот од Турција при убиството на нивниот сонародник во Штип се осудени по 5 години затвор и по извршувањето на казната да бидат засекогаш протерани од Македонија без право на ново влегување во земјата. Основниот кривичен суд во Штип ги осуди Р. А., А. С. и О. Т. затоа што на 8 мај 2025 му помогнале на сонародникот К. К. (21) да побегне од кафулето во Штип каде смртно застрелал турски државјанин. Тој со помагачите биле фатени на автопатот Штип-Скопје кај наплатната рампа кај Миладиновци.

    На претходно судење, убиецот на 13 јануари 2026 беше осуден на 17 години затвор и протерување од земјата по издржувањето на изречената казна.

    Судот одлучи четвртообвинетата девојка во случајот, М. С. да биде осудена на три месеци затвор, а на еден од помагачите судски му се одзема и возилото со кое во бегство го превезувале сонародникот по убиството.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира