Повторно се појави свлечиште на ридот од едната страна на обиколницата која минува над Битола, а всушност е дел од регионалниот пат Ресен-Битола -Прилеп. Поради одрон на карпите кај потпорниот бетонски ѕид, патот е забранет за сообраќај, а автомобилите се пренасочуваат низ Битола. Свлечиште на истиот рид крај парот имаше и во 2016 година, поради што обиколницата беше затворена за сообраќај 2 години, односно до 2018 година. Потоа одронот беше саниран, а патот пуштен за сообраќај.
„Станува збор за стар одрон, од карпа. Излизгана е поголема количина земја кај бетонскиот ѕид, а имаше и на патот. Од вчера вечер екипи на ‘Македонија пат‘ работат на терен, досега отстранета е голема количина изронет материјал. Вработени од претпријатието со знаменца го регулираат сообраќајот, но повикана е и полиција, а ќе се стави и сингализација “, рече директорката на Битолската подружница на „Македонија пат“ Олгица Илиевска.
Се очекува во текот на денот патот да биде пуштен за сообраќај.
Ж.ЗДРАВКОВСКА



