ИЗРАЕЛ ГО НАПАДНА И ХЕЗБОЛАХ ВО ЛИБАН, НОВИ ЕКСПЛОЗИИ ВО ДОХА, ДУБАИ И КУВАЈТ

    ИЗРАЕЛ ГО НАПАДНА И ХЕЗБОЛАХ ВО ЛИБАН, НОВИ ЕКСПЛОЗИИ ВО ДОХА, ДУБАИ И КУВАЈТИзреал кажа дека офанзивата во Либан би можела да трае неколку дена (Фото: АП)

    Израел лансираше нови воздушни напади врз Техеран и ја прошири својот воена кампања на Либан, додека Доналд Трамп најави дека американско-израелските напади врз мети во Иран би можеле да траат со недели. Иран порача дека нема да преговара со САД откако се појавија извештаи дека Техеран планирал да ги обнови разговорите со Вашингтон.

    Трамп е во заблуда и сега е загрижен за американските жртви“, изјави Али Ларџани, кој му беше советник на убиениот ајатолах Али Хамнеи.

    Трамп потврди дека досега загинале тројца американски војници и ја предупреди јавноста дека би можело да има уште жртви.

    Израел објави дека нападнал локации поврзани со Хезболах во Либан, откако групата потврди дека лансирала ракети и дронови кон Израел во знак на одмазда за смртта на иранскиот врховен водач Али Хамнеи. Изреал препорача евакуација на повеќе од 50 гратчиња и села во Либан, по што изведе напади врз јужните предградија на Бејрут, каде што се слушнале повеќе од десет експлозии. Израелската војска кажа дека Хезболах е целосно одговорен за ескалацијата, откако помеѓу двете страни владееше примирје од 2024. Либанското министерство за здравство кажа дека во израелските напади загинале 31 лице.

    Започнавме офанзивна кампања против Хезболах. Не сме само во дефанзива, сега преминуваме во напад. Треба да се подготвиме за неколкудневни борби“, рече шефот на Израелските одбранбени сили Ејал Замир.

    Утрово се огласија сирени за тревога и во Тел Авив и Ерусалим, најавувајќи нови ирански воздушни напади. Светските новински агенции известија за нови експлозии и во Доха, Бахреин, Дубаи и Кувајт, каде што има американски воени бази, а може да се види чад како се издига од областа каде што се наоѓа американската амбасада во Кувајт.

    Израелската војска вчера објави дека нејзините воздухопловни сили воспоставиле целосна супериорност над Техеран и дека целта на нападите во градот се разузнавачки, безбедносни и воени центри.

    Трамп вети дека воените напади врз Иран ќе продолжат додека „не се постигнат сите наши цели“, без да даде детали. Тој рече дека во досегашните напади биле уништени воената команда на Иран и девет ирански воени бродови.

    „Американските воени авиони и бродови погодиле повеќе од 1.000 ирански цели од почетокот на големите борбени операции во саботата“, соопшти американската војска.

    Трамп ги повика иранската војска и полиција, вклучувајќи ја и моќната Револуционерна гарда, да престанат со борбите, ветувајќи имунитет за оние кои ќе се предадат и заканувајќи им се со „сигурна смрт“ на оние што ќе се спротивстават.

    „Ги повикувам сите ирански патриоти кои копнеат по слобода да го искористат овој момент, да бидат храбри и смели и херојски да ја вратат својата земја“, рече Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира