ИЗРАЕЛ СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ ГО ЕЛИМИНИРА И НАСЛЕДНИКОТ НА АЛИ ХАМНЕИ

    ИЗРАЕЛ СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ ГО ЕЛИМИНИРА И НАСЛЕДНИКОТ НА АЛИ ХАМНЕИВо Иран почнува тридневна церемонија на испраќање на Али Хамнеи (Фото: АП)

    Израел кажа дека кој и да биде избран за нов ирански врховен водач ќе биде мета за елиминација. Засега не се знае кој би можел да го наследи 86-годишниот ајатолах Али Хамнеи, кој беше убиен на првиот ден од американско-израелските напади врз Иран, но еден од главните кандидати е неговиот син Моџтаба.

    Секој лидер назначен од иранскиот терористички режим да продолжи да го спроведува планот за уништување на Израел, да им се заканува на САД, слободниот свет и на земјите од регионот и да го задушува иранскиот народ, ќе биде цел за елиминација“, кажа израелскиот министер за одбрана Израел Кац.

    Израел потврди дека вчера ја нападнал зградата во градот Ком која е седиште на иранското Собрание на експерти. Ова тело, составено од 88 високи свештеници, е одговорно за избор и надзор на врховниот лидер на Иран. Не е познато дали некој од нив бил во зградата во тој момент, но Израел кажа дека биле убиени неколку лица.

    Во Иран денеска почнува тридневна церемонија на испраќање на Али Хамнеи, кој владееше со земјата од 1989 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира