ОД 200 НА 300 ДЕНАРИ Е ПОКАЧЕНА ЦЕНАТА НА БИЛЕТОТ ВО ВЕЛЕШКИОТ ТЕАТАР

    ОД 200 НА 300 ДЕНАРИ Е ПОКАЧЕНА ЦЕНАТА НА БИЛЕТОТ ВО ВЕЛЕШКИОТ ТЕАТАРЦената на билетот за премиери е 500 денари. (Фото: СДК.МК)

    Цените на билетот во велешкиот театар „Јордан Хаџи Констанинов-Џинот“ се покачени од 200 на 300 денари од почетокот на март. Одлуката за поскапување на картата е донесена на седница на Управниот одбор на оваа национална установа.

    Цената на билетот за премиери е 500 денари. Цената за ученици и студенти е половина од редовната или 150 денари.

    Во Велешкиот театар има голем интерес за билетите за повеќето претстави. Во февруари, од 14 претстави десет се играа пред распродадена сала и тоа мошне бргу по почетокот на продажбата на билети.

    На почетокот од годинава за повеќе од дупло се покачија цените на билети во неколку државни институции, како Драмскиот театар во Скопје, Филхармонијата и Националната опера и балет (НОБ), кои се целосно финансирани од државниот буџет, и за некои претстави стигнаа и над илјада денари за билет.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира