Високи функционери на американската војска им рекле на пратениците на затворен брифинг дека американската војска нема да биде во можност да ги собори сите ирански дронови лансирани кон американските воени капацитети, изјавија два добро информирани извори. Делегацијата предводена од шефот на војската Ден Кејн кажала дека Иран лансира илјадници напаѓачки дронови и Американците не можат да ги соборат баш сите.
„Поради тоа, САД се фокусирани на уништување на местата за лансирање беспилотни летала и конвенционални ракети што е можно побрзо“, рекол Кејн.
Како одмазда за американските напади, Иран лансира евтини, еднонасочни дронови „шахед“. Летајќи ниско и бавно, се смета дека тие се поспособни да ја избегнат конвенционалната воздушна одбрана од балистичките ракети.
„Имаме доволно прецизна муниција за задачата што ја имаме, и за напад и за одбрана“, рече Кејн на прес-конференцијата во Пентагон вчера.
Големата стапка на пукање се покажа скапа. Во првите денови од војната, САД трошеле околу две милијарди долари дневно и иако сумата се намалила на близу една милијарда долари, се очекува да се намали уште повеќе како што продолжува конфликтот, според лице запознато со прелиминарната анализа на Министерството за одбрана.
„Имаме залихи на оружје за кои многумина на овој свет и не знаат. Претседателот истакнуваше дека, за жал, имавме многу глупав и некомпетентен лидер во Белата куќа четири години, кој даде многу од нашето најдобро оружје за ништо“, кажа портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит.



