МАКЕДОНИЈА МЕЃУ ПЕТТЕ ДЕБИТАНТИ НА ЗИМСКАТА ПАРАОЛИМПИЈАДА, ВО ПАРАСКИЈАЊЕ ЌЕ НАСТАПИ ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ

    МАКЕДОНИЈА МЕЃУ ПЕТТЕ ДЕБИТАНТИ НА ЗИМСКАТА ПАРАОЛИМПИЈАДА, ВО ПАРАСКИЈАЊЕ ЌЕ НАСТАПИ ЗОРАН ЈОВАНОВСКИЗоран Јовановски е првиот македонски спортист на ова големо натпреварување

    Македонското знаме за првпат се појави на отворањето на зимски параолимписки игри благодарение на Зоран Јовановски, кој испиша историја, станувајќи првиот македонски спортист на ова големо натпреварување.

    Јовановски, кој е по потекло од Василево, ќе се натпреварува во параскијање.

    Церемонијата на отворањето се одржа во античката арена во Верона

    Зимската параолимпијада во Милано и Кортина е 14. по ред, а церемонијата на отворањето се одржа синоќа во античката арена во Верона. На Игрите кои траат до 15 март ќе учествуваат 55 држави, чии репрезентативци ќе се натпреваруваат во 79 дисциплини во шест спортови. Покрај Македонија, дебитанти се и Ел Салвадор, Хаити, Црна Гора и Португалија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира