ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА НАДМИНАА 100 ДОЛАРИ ЗА БАРЕЛ ЗА ПРВПАТ ОД 2022 ПО НАЗНАЧУВАЊЕТО НА МОЏТАБА ХАМНЕИ ЗА НОВ ЛИДЕР НА ИРАН

    ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА НАДМИНАА 100 ДОЛАРИ ЗА БАРЕЛ ЗА ПРВПАТ ОД 2022 ПО НАЗНАЧУВАЊЕТО НА МОЏТАБА ХАМНЕИ ЗА НОВ ЛИДЕР НА ИРАНВо нападите врз Иран викендов беа погодени и складишта за нафта (Фото: Ап)

    Глобалните цени на нафтата пораснаа над 100 долари за барел за првпат од 2022 година, додека засилувањето на војната против Иран ги зголемува стравувањата за продолжено нарушување на транспортот низ Ормускиот Проток, клучната маршрута за извоз на нафта и гас од Блиски Исток.

    Иран вчера го именуваше Моџтаба Хамнеи за нов врховен водач, што значи дека власта останува во рацете на тврдокорната струја, а Израел и САЛ лансираа нови напади викендов, при што беа погодени и складишта за нафта. Доналд Трамп кажа дека не е среќен со изборот на Хамнеи и додаде дека завршувањето на војната ќе биде заедничка одлука со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

    Утрово во Азија, суровата нафта брент беше поскапа за 27% и чинеше 117 долари за барел.

    Околу една петина од светските резерви на нафта се испорачуваат преку Ормускиот Проток, но сообраќајот низ тесниот премин е речиси запрен откако започна војната пред десет дена. Некои аналитичари предвидуваат дека нафтата би можела да поскапи до 150 долари за барел ако затворањето на протокот потрае до крајот на март.

    Минатата недела пазарите беа релативно опуштени поради блокадата на милиони барели суров и течен природен гас во Заливот, но ескалациите во текот на викендот доведоа до паника на пазарите. Физичките залихи од Заливот главно се трошат во Азија.

    САД кажаа дека нема да ја напаѓаат енергетската инфраструктура на Иран, додека Трамп изјави дека поскапувањето на нафтата е мала цена што мора да се плати за да се отстрани нуклеарната закана од Иран.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира