ПРОТИВВОЗДУШНАТА ОДБРАНА НА НАТО СОБОРИ ИРАНСКА БАЛИСТИЧКА РАКЕТА НАД ЈУЖНА ТУРЦИЈА

    ПРОТИВВОЗДУШНАТА ОДБРАНА НА НАТО СОБОРИ ИРАНСКА БАЛИСТИЧКА РАКЕТА НАД ЈУЖНА ТУРЦИЈАОстатоците од соборената иранска ракета паднале на полиња во покраината Газијантеп (Фото: ДХА)

    Противвоздушната одбрана на НАТО соборила ирански балистички проектил што влегол во воздушниот простор на Турција, објави турското министерство за одбрана. Ова е втор ваков инцидент од почетокот на американско-израелската војна против Иран, кој се одмазди со напади врз десетина држави.

    Турското министерство за одбрана соопшти дека остатоците од соборената иранска ракета паднале на полиња во покраината Газијантеп во јужна Турција. Немало штети или жртви.

    Министерството нагласи дека иако Турција е посветена кон мирните односи и стабилноста во регионот, нема да се двоуми да дејствува доколку земјата биде загрозена.

    „Уште еднаш нагласуваме дека цврсто и без двоумење ќе бидат преземени сите потребни чекори против каква било закана насочена кон територијата или воздушниот простор на Турција“, се вели во соопштението.

    Турција кажа дека ракетата била соборена од единици на НАТО стационирани во источниот Медитеран.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира