ТРАМП ПРЕДВИДЕ БРЗ КРАЈ НА ВОЈНАТА, ПА СЕ ЗАКАНИ СО УШТЕ ПОСИЛНИ НАПАДИ АКО ИРАН ГО БЛОКИРА ПРОТОКОТ НА НАФТА ОД БЛИСКИ ИСТОК

    ТРАМП ПРЕДВИДЕ БРЗ КРАЈ НА ВОЈНАТА, ПА СЕ ЗАКАНИ СО УШТЕ ПОСИЛНИ НАПАДИ АКО ИРАН ГО БЛОКИРА ПРОТОКОТ НА НАФТА ОД БЛИСКИ ИСТОКБројот на загинати цивили во Иран и Либан се ближи кон 2.000 (Фото: АП)

    Иранската револуционерна гарда порача дека нема да дозволи еден литар нафта да замине од Блиски Исток сѐ додека продолжуваат американско-израелските напади, што го натера Доналд Трамп да се закани дека уште посилно ќе го удри Иран. Ова следува откако глобалните цени на нафтата вчера стигнаа до речиси 120 долари за барел, по што малку паднаа денеска.

    Трамп вчера кажа дека ќе ѝ нанесе серизони штети на иранската војска и предвиде дека војната би можела да заврши и порано од првично предвидениот рок од четири недели.

    Операцијата во Иран е огромен успех. САД сѐ уште имаат мети во Иран, но тие би можеле да бидат уништени за еден ден. Војната би можела да заврши многу скоро“, рече Трамп.

    Израел вели дека неговата воена цел е да го собори иранскиот систем на верско владеење, додека американските функционери најчесто велат дека целта на Вашингтон е да ги уништи ракетните капацитети и нуклеарната програма на Иран. Сепак, Трамп рече дека војната може да заврши само со послушна иранска влада.

    Ние сме тие што ќе го одредат крајот на војната“, рече портпаролот на Иранската револуционерна гарда, опишувајќи ги коментарите на Трамп како глупости..

    Трамп се закани со засилување на нападите ако Иран го блокира танкерскиот сообраќај низ Ормускиот Проток, клучната маршрута за извоз на нафта и гас од Блиски Исток.

    Доколку Иран направи нешто што ќе го запре протокот на нафта низ Ормускиот Проток, тие ќе бидат погодени од САД дваесет пати посилно отколку што беа погодени досега. Дополнително, ќе уништиме лесно уништливи цели, што ќе го оневозможи Иран повторно да се изгради како нација. Смрт, оган и бес ќе владеат со нив. Се надевам и се молам дека тоа нема да се случи“, рече тој.

    Војната веќе ефикасно го затвори Ормускиот Проток, оставајќи ги танкерите закотвени повеќе од една недела и принудувајќи ги производителите да престанат со пумпање нафта, додека складиштата се полнат. Именувањето на Моџтаба Хамнеи за нов врховен водач на Иран се чини ги уништи надежите за брз крај на војната.

    Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи изјави дека е малку веројатно дека Иран ќе ги продолжи преговорите со САД по „горчливото искуство од минатите разговори“.

    По три рунди преговори, американскиот тим самиот изјави дека сме постигнале голем напредок. Сепак, тие одлучија да нè нападнат. Затоа мислам дека разговорите со Американците повеќе не се на нашата агенда“, рече Аракчи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира