Иран порача дека светот треба се подготви за нафта од 200 долари за барел, откако неговите сили денеска нападнаа трговски бродови во Ормускиот Проток, а Меѓународната агенција за енергија препорача масовно ослободување стратешки резерви за да се ублажи еден од најлошите нафтени шокови од 1970-тите.
Три брода беа погодени во водите на Заливот откако Иранската револуционерна гарда соопшти дека неговите сили отвориле оган зашто бродовите не ги послушале нивните наредби.
Иранските власти јасно ставија до знаење дека имаат намера да наметнат продолжен економски шок, додека војната продолжува.
„Подгответе се нафтата да биде 200 долари за барел, бидејќи цената на нафтата зависи од регионалната безбедност, која вие ја дестабилизиравте“, рече Ебрахим Золфакари, портпарол на воената команда на Иран.
Доналд Трамп изјави дека воената кампања нема да трае долго, велејќи за сајтот „Аксиос“ дека „практично ништо не останало“ за гаѓање во Иран.
„Кога и да посакам да заврши, ќе заврши. Засега уште не сме завршиле“, рече тој.
Цените на нафтата неделава скокнаа на речиси 120 долари за барел, пред да се вратат на околу 90 долари, но денеска повторно пораснаа за повеќе од 4% поради обновените стравувања за прекин на снабдувањето. Меѓународната агенција за енергија објави дека 32 држави се согласиле да ослободат 400 милиони барели нафта од глобалните стратешки резерви заради стабилизирање на цените, што е најголемата таква интервенција во историјата, која брзо беше одобрена од Вашингтон.
„Финансиските пазари треба да се вратат на вистинскиот пат за кратко време. Зголемувањето на цените на нафтата епрашање на војна“, кажа Трамп.



