ВОЈНА НЕ МОЖЕ ДА СЕ ДОБИЕ СО НЕКОЛКУ ТВИТА, МУ КАЖА ИРАН НА ТРАМП

    ВОЈНА НЕ МОЖЕ ДА СЕ ДОБИЕ СО НЕКОЛКУ ТВИТА, МУ КАЖА ИРАН НА ТРАМПТрамп најави дека САД се блиску до победа, но уште не ја завршиле работата (Фото: АП)

    Иранскиот шеф за безбедност Али Лариџани изјави дека неговата земја нема да се откаже од борба сѐ додека САД не зажалат за тешката грешка во проценката.

    Трамп вели дека сакал брза победа. Лесно е да се почне војна, но таа не може да се добие со неколку твита. Нема да попуштиме сѐ додека САД не се покајат за оваа ужасно лоша проценка“, рече Лариџани.

    На митинг во Кентаки вчера, Трамп кажа дека САД ја добиле војната, но не сакаат да се враќаат на секои две години.

    Не сакаме порано да си заминеме. Мора да ја завршиме работата“, рече Трамп.

    Во изјава прочитана на иранската државна телевизија, врховниот водач Моџтаба Хамнеи кажа дека Иран ќе продолжи да ги напаѓа американските бази на Блиски Исток и да го блокира Ормускиот Проток, што придонесе цените на нафтата да надминат 100 долари за барел.

    Пазарите на нафта се соочуваат со најголемото нарушување на снабдувањето во историјата, бидејќи американско-израелската војна против Иран продолжува да ги спречува танкерите да испорачуваат милиони барели сурова нафта секој ден, предупреди Меѓународната агенција за енергија (ИЕА). Таа вчера објави дека 32 држави се согласиле да ослободат 400 милиони барели нафта од глобалните стратешки резерви заради стабилизирање на цените, што е најголемата таква интервенција во историјата и само четврта од основањето на Агенцијата во 1974 година.

    ИЕА кажа дека поради војната во Иран производството на нафта и гас во регионот би можело да се намали за најмалку 10 милиони барели на ден.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира