КОЧАНИ ОДБЕЛЕЖУВА ЕДНА ГОДИНА ОД ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“, НОЌВА СОБИР ПРЕД ДИСКОТЕКАТА ЗА 63-ТЕ ЖРТВИ

    КОЧАНИ ОДБЕЛЕЖУВА ЕДНА ГОДИНА ОД ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“, НОЌВА СОБИР ПРЕД ДИСКОТЕКАТА ЗА 63-ТЕ ЖРТВИПред просторот каде што се наоѓаше дискотеката денеска беа поставени 63 срца со имињата на сите загинати во пожарот. (Фото: Фејсбук)

    Со низа активности во Кочани викендов се одбележува една година од пожарот во дискотеката „Пулс“, во кој животот го загубија 63 млади лица и деца, а беа повредени околу 200.

    Пред просторот каде што се наоѓаше дискотеката денеска беа поставени 63 срца со имињата на сите загинати во пожарот. Во чест на настраданите, во текот на денот беа организирани велосипедска тура и кошаркарски натпревар.

    Здружението на граѓани „16-ти Март“ за ноќва најави собир во знак на сеќавање пред објектот на поранешната дискотека. Граѓаните ќе почнат да се собираат во 2:15 часот по полноќ, а во 2:32 часот, моментот кога пред една година избувна пожарот, со минута молк ќе им биде оддадена почит на жртвите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира