ИМАМЕ УШТЕ ИЛЈАДНИЦИ МЕТИ ЗА ГАЃАЊЕ ВО ИРАН, ВЕЛИ ИЗРАЕЛ

    ИМАМЕ УШТЕ ИЛЈАДНИЦИ МЕТИ ЗА ГАЃАЊЕ ВО ИРАН, ВЕЛИ ИЗРАЕЛИзраел вели дека е спремен за уште барем три недели војна (Фото: Гети)

    Израелската војска не понуди временски рок колку би можела да трае војната против Иран. Министерот за надворешни работи Гидеон Сар кажа дека воената кампања ќе продолжи додека не бидат исполнети сите цели.

    „Направени се детални оперативни планови за следните три недели, заедно со дополнителни планови за понатаму. Сакаме да се осигураме дека се што е можно послаби и да ги деградираме сите капацитети на иранскиот режим, сите делови од неговиот безбедносен систем“, рече Сар.

    Војската, која досега мобилизирала над 110.000 резервисти, кажа дека се останати уште илјадници мети во Иран што треба да се погодат.

    И додека САД бараат помош и од сојузниците и од Кина за да се деблокира Ормускиот Теснец, Иран вели дека оваа клучна маршрута за извоз на нафта и гас од Блиски Исток останува отворена за пријателите на Иран.

    „Од наша перспектива, теснецот е отворен. Затворен е само за нашите непријатели и за оние кои ја поддржуваат оваа неправедна агресија врз нашата земја“, изјави иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира