ЕДНА ГОДИНА ЗАТВОР ЗА 21-ГОДИШНИКОТ КОЈ ЈА ПРЕТЕПА БРЕМЕНАТА ДЕВОЈКА, ПА ЈА ОСВЕСТУВАЛ СО ЛАДНА ВОДА ЗА ПАК ДА ЈА ТЕПА

    ЕДНА ГОДИНА ЗАТВОР ЗА 21-ГОДИШНИКОТ КОЈ ЈА ПРЕТЕПА БРЕМЕНАТА ДЕВОЈКА, ПА ЈА ОСВЕСТУВАЛ СО ЛАДНА ВОДА ЗА ПАК ДА ЈА ТЕПАПресудата ја изрече Основнит суд во Свети Николе (Фото: СДК.МК)

    Дваесетиедногодишниот жител на село Сарамзалино Р. А. од Општина Лозово, доби една година затвор за семејно насилство над 34-годишната партнерка. Тој е прогласен за виновен во Основниот суд Свети Николе за две кривични дела. Р. А. се наоѓа во притвор кој му е продолжен до правосилноста на пресудата, но не подолго од 60 дена.

    „Постапувајќи по обвинителниот предлог поднесен од ОЈО Свети Николе, Основен суд Свети Николе донесе неправосилна пресуда со која Р.А. е прогласен за виновен за едно кривично дело Телесна повреда и за Потивправно лишување од слобода и е осуден на единствена затворска казна една година затвор“, соопшти Основниот суд Свети Николе.

    Според обвинението, Р. А. на 19 и 20 февруари годинава, во семејната куќа во Свети Николе при вршење семејно насилство ја ограничил слободата на движење и телесно ја повредил неговата бремена девојка, физички ја нападнал и ѝ ги зел мобилниот телефон и клучевите од возилото. Обвинетиот ја навредувал оштетената со која живееле во семејна заедница, па започнал да ја удира со тупаници. Кога девојката се онесвестила од ударите, ја однел во бањата каде ја освестил со ладна вода, по што почнал да ја влече за коса и повторно да ја удира со боксови по главата и телото. Оштетената од ударите добила повеќе повреди, а кога се обидела да избега обвинетиот ѝ го одзел мобилниот телефон и ја заклучил во спалната соба, каде ја држел 15 часа.

    Минатата година Основното јавно обвинителство (ОЈО) Велес до Основниот суд Велес достави 37 обвиненија, донесени се осум одлуки со кои на обвинетите им е изречена казна затвор, 21 одлука со која се изречена алтернативна мерка – условна осуда, две решенија со кои на обвинетите им се изречена мерки на безбедност – задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа, додека за другите поднесени обвиненија судската постапка е префрлена за оваа година.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира