РУСИЈА ЌЕ ИМА КОРИСТ ОД ДОЛГА ВОЈНА ВО ИРАН, СЕ ПЛАШАМ ОД ПОСЛЕДИЦИТЕ ЗА УКРАИНА, РЕЧЕ ЗЕЛЕНСКИ

    РУСИЈА ЌЕ ИМА КОРИСТ ОД ДОЛГА ВОЈНА ВО ИРАН, СЕ ПЛАШАМ ОД ПОСЛЕДИЦИТЕ ЗА УКРАИНА, РЕЧЕ ЗЕЛЕНСКИЗеленски кажа дека фокусот на Америка сега е повеќе на Иран отколку на Украина (Фото: ДПА)

    Володимир Зеленски кажа дека се плаши од тоа какви последици врз Украина ќе има американско-израелската војна против Иран.

    Имам многу лошо чувство околу влијанието на оваа војна врз ситуацијата во Украина. Фокусот на Америка сега е повеќе на Иран отколку на Украина. Нашите дипломатски состаноци, трилатералните состаноци, постојано се одложуваат. Постои една причина, војната во Иран“, рече Зеленски.

    И Кремљ претходно кажа дека мировните разговори Русија-Украина се во застој поради ситуацијата на Блиски Исток.

    Зеленски смета дека долга војна во Иран е од корист за Русија зашто цените на енергенсите растат и се исцрпуваат американските ресурси.

    За Путин е корисно ресурсите да не одат во Украина. Тој треба да нè ослабне, а ова е долг процес. Блиски Исток е еден од начините да се направи тоа. Дефинитивно ќе има недостиг на ракети ‘патриот‘“, кажа Зеленски и додаде:

    Америка произведува 60-65 ракети месечно. Замислете, тоа се околу 700-800 ракети годишно. Само првиот ден од војната на Блискиот Исток биле употребени 803 ракети“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира