ТАНКЕР СО РУСКА НАФТА ШТО ОДЕЛ ЗА КУБА СВРТЕЛ КОН ТРИНИДАД И ТОБАГО

    ТАНКЕР СО РУСКА НАФТА ШТО ОДЕЛ ЗА КУБА СВРТЕЛ КОН ТРИНИДАД И ТОБАГОПоради недостиг на нафта Куба се соочува со сериозна енергетска криза (Фото: ТАСС)

    Танкер што требало да донесе гориво на Куба го променил правецот и свртел кон Тринидад и Тобаго, покажуваат податоците на сајтот за следење бродови „ЛСЕГ“, што е голем удар за земјата, која поради недостиг на нафта се соочува со сериозна енергетска криза и чести прекини во електроснабдувањето. Последниот прекин траеше повеќе од 29 часа и властите очекуваат да станат уште почести откако САД воведоа блокада на увозот на нафта на Куба.

    Танкерот што пловел под знамето на Хонгконг бил наполнет со дизел преку друг брод во Средоземното Море, пред да се упати кон Карибите. Според повеќе поморски фирми, дизелот бил по потекло од Русија. Се очекува бродот да пристигне во Тринидад и Тобаго утре, со што Куба ќе остане без испораки на нафта во догледно време.

    Иако САД привремено ги ублажија санкциите за дел од руската нафта поради војната со Иран, оваа одлука не важи за Куба, каде што, според „ЛСЕГ“, пристигнале само два танкера со нафта оваа година.

    Руските медиуми објавија дека Кремљ преговара со Куба за опции за помош, без да наведе детали.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира