Американските власти го затворија прометниот аеродром „ЛаГвардија“ во Њујорк откако авион на „Ер Канада“ се судрил со возило на пистата по слетувањето, при што загинаа две лица. Авионот „ЦРЈ-900“, кој пристигнал од Монтреал, удрил во возилото при брзина од 39 километри на час, според сајтот „Флајтрадар“.
Фотографии од несреќата покажуваат видливи оштетувања на носот на авионот, кој е навален нагоре.
Според „Ен-Би-Си њуз“, во инцидентот учествувало и противпожарно возило, кое било управувано од полицајци. Починале пилотот и копилотот на авионот, а уште десетици луѓе се повредени.
Федералната агенција за воздухопловство објави дека аеродромот ќе остане затворен до 19 часот денеска, додека сајтот на „ЛаГвардија“ покажува дека авионите се пренасочуваат кон други аеродроми или се враќаат кон местото на полетувањето.
Авионот што учествувал во несреќата бил управуван од регионалниот партнер на „Ер Канада“, „Џез“ и може да прими до 76 патници.



