Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) денеска испрати апел до јавните здравствени установи што имаат магнетна резонанца да си ја проверат состојбата апаратите и снабденоста со хелиум, бидејќи тоа е една од суровините што е погодена со војната во Иран, кажа директорот Сашо Клековски.
„И веќе скокнаа цените за 30 отсто на европскиот пазар. Без хелиум не можат да работат магнетните резонанци. Им укажавме да постапат со проверките, да си ги проверат состојбите на апаратите, да не има потоа проблеми“, кажа Клековски.
Според последните информации, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ги одложил нападите врз иранските електрани по „продуктивни разговори“ помеѓу САД и Иран за завршување на конфликтот на Блиски Исток. Тој вчера се закани со целосно уништување на иранските електрани ако Иран не го отвори Ормускиот Теснец во рок од 48 часа. Овој ултиматум требаше да истече вечерва после полноќ. Трамп кажа дека ги одложува нападите врз иранската енергетска инфраструктура за пет дена.
Тој кажа дека освен веќе договорениот попуст од два денари за литар, ќе разговараат со „Окта“ за зголемување на попустот кон трговците, но најави дека очекува и тие да намалат дел од својот профит додека трае кризата.
Намалувањето на ДДВ стартува од 24 март и оваа мерка ќе трае две недели.
Б. НЕСТОРОСКА



