УКРАИНА ВЕЛИ ДЕКА РУСИЈА ПОЧНАЛА НОВА ОФАНЗИВА ДОЛЖ ФРОНТОТ И ДЕКА ГУБИ ИЛЈАДНИЦИ ВОЈНИЦИ

    УКРАИНА ВЕЛИ ДЕКА РУСИЈА ПОЧНАЛА НОВА ОФАНЗИВА ДОЛЖ ФРОНТОТ И ДЕКА ГУБИ ИЛЈАДНИЦИ ВОЈНИЦИРусија во последниот напад испукала 23 крстосувачки и седум балистички проектили (Фото: АП)

    Русија лансирала повеќе од 400 дронови и проектили кон Украина ноќеска и утрово, убивајќи петмина луѓе, додека долж линијата на фронтот се забележуваат знаци на очекуваната руска пролетна офанзива. Украинските воздухопловни сили објавија дека Русија во последниот напад испукала и 23 крстосувачки и седум балистички проектили, погодувајќи најмалку десет локации низ земјата.

    На фронтот долг 1.250 километри, кој ги зафаќа источните и јужните делови на земјата, Украинците се соочуваат со нова руска офанзива, која доаѓа со подобрувањето на временските услови. Шефот на вооружените сили на Украина, Олександр Сирски, рече дека руските трупи во последните денови направиле истовремени обиди да ги пробијат одбранбените линии во неколку стратешки области.

    „Жестоки борби се одвиваа по целата линија на контакт. Окупаторите се обидуваат да доведат нови единици и се подготвуваат да продолжат со нападите. Непријателот изведе 619 напади во изминатите четири дена, при што изгуби речиси 6.000 војници, што убиени, што ранети“, рече Сирски, додавајќи дека и Украина распоредила засилувања.

    Институтот за проучување војна (ИПВ) во Вашингтон рече дека извештајот на Сирски ја поткрепува нивната проценка дека пролетно-летната офанзива на Русија е веќе во тек.

    Русија ги засилила нападите од 17 март и донела уште тешка опрема и војници на линијата на фронтот“, соопшти ИПВ.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските трупи станале значително поактивни, искористувајќи го подоброто време и дека имало повеќе напади.

    „Ова, исто така, значи и повеќе руски загуби. Само оваа недела, повеќе од 8.000 руски војници се убиени и сериозно ранети. Нашите беспилотни летала работат добро, а позициите на нашата армија се силни“, рече Зеленски во неделата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира