РАЗМЕНУВАМЕ ПОРАКИ ПРЕКУ ПОСРЕДНИЦИ, НО НЕМАМЕ НАМЕРА ДА ПРЕГОВАРАМЕ СО САД, ВЕЛИ ИРАН

    РАЗМЕНУВАМЕ ПОРАКИ ПРЕКУ ПОСРЕДНИЦИ, НО НЕМАМЕ НАМЕРА ДА ПРЕГОВАРАМЕ СО САД, ВЕЛИ ИРАНИзраелски војници обезбедуваат место каде што паднал ирански проектил на Западен Брег (Фото: АП)

    Доналд Трамп тврди дека Иран е очаен да склучи договор за завршување на речиси четиринеделната војна, додека иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи кажа дека Техеран го разгледува американскиот предлог, но нема намера да преговара. Иако немало дијалог или преговори со САД, Арагчи вели дека имаат разменето пораки преку посредници.

    Пораките што се пренесуваат преку нашите пријателски земји и нашите одговори во кои се наведуваат нашите ставови или потребни предупредувања не се нарекуваат преговори или дијалог“, рече Арагчи.

    Трамп вели дека иранските лидери преговараат и многу сакаат да постигнат договор, но „се плашат да го кажат тоа затоа што ќе бидат убиени од сопствениот народ“.

    Тие исто така се плашат дека би можеле да бидат убиени од нас“, додаде Трамп.

    Тој не откри со кого во Иран разговараат САД, во услови кога голем број високи политички и воени функционери беа убиени од почетокот на војната. Врховниот водач Али Хамнеи загина во првичните американско-израелски напади и беше наследен од неговиот син Моџтаба, но неговата состојба е непозната, зашто ниеднаш не се појавил во јавност.

    Американски план со 15 точки му бил испратен на Иран преку Пакистан, но засега не е официјално објавен. Според три извори од израелскиот кабинет запознати со планот, тој бара повторно отворање на Ормускиот Теснец, отстранување на иранските залихи на високо збогатен ураниум, ограничување на иранската програма за балистички ракети и прекин на поддршката за регионалните сојузници. Белата куќа одби да ги коментира деталите.

    Адмиралот Бред Купер, началник на Централната команда на американската војска, изјави дека САД погодиле над 10.000 цели во Иран, а неговата способност да лансира ракети и дронови е намалена за 90%. Во исто време, Пентагон потврди дека ќе испрати дополнителни илјадници маринци и падобранци во Заливот, додека Трамп размислува дали да нареди копнен напад.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира