ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ ОД СОБРАНИСКА ГОВОРНИЦА МУ ДАДЕ ЗАДАЧИ НА НОВИОТ ДРЖАВЕН ОБВИНИТЕЛ НЕНАД САВЕСКИ, А ПОТОА МУ УПАТИ АПЕЛ ДА НЕ БИДЕ СЕЛЕКТИВЕН

    ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ ОД СОБРАНИСКА ГОВОРНИЦА МУ ДАДЕ ЗАДАЧИ НА НОВИОТ ДРЖАВЕН ОБВИНИТЕЛ НЕНАД САВЕСКИ, А ПОТОА МУ УПАТИ АПЕЛ ДА НЕ БИДЕ СЕЛЕКТИВЕНПремиерот премиерот Христијан Мицкоски во Собранието наброја три желби кои Ненад Савески треба да му ги исполни. (Фото: СДК.МК)

    На прашање од сопартијка од ВМРО-ДПМНЕ кои се очекувањата на премиерот Христијан Мицкоски од новиот Државен обвинител кој Владата го предложи, а Собранието го избра, на денешната седница за пратенички прашања премиерот Христијан Мицкоски наброја три желби кои Савески треба да му ги исполни.

    Прво, Мицкоски рече дека новиот Обвинител на Македонија мора да открие како магично затвореникот Катица Јанева, како што ја нарече, со едно писмо од затвор ги вратила во живот со помош на тогашниот Државен обвинител материјалите и предметите на СЈО.

    Ова е многу важно за иднината на државата, рече Мицкоски. 

    „Јас нема да се смирам ако не добијам одговор и како им се судеше на група луѓе за тероризам и врз основа на кои докази? Како се изнудуваа изјави од заштитените сведоци и трето, за колкави бонуси станува збор за обвинителите од СЈО и зошто се плашат овој предмет да влезе во фаза на истрага. Очекувам новиот јавен обвинител да излезе со јасна информација во јавноста, значи – ден тој и тој, тоа се случило – ако тоа не го направи ќе продолжиме да живееме во држава во која една група ќе биде повластена а другите ќе живеат во очај дека правдата не важи за сите”, делеше премиерот задачи за Ненад Савески.

    Претходно Мицкоски забележа дека наодите на Државниот завод за ревизија со индиции за вршен криминал и неодговорно и недомаќинско работење во државните институции, општините и јавните претпријатија, доставени до Обвинителството, се чуваат како што тврдеше од говорница, „во фиока”. Кажа дека од новиот Државен обвинител очекува да ги извади и да ги процесира.

    На крајот упати апел Савески кој само неколку дена е на функцијата, да не биде селективен.

    „Нема повластени. За секој што има индиции за сторен криминал да се отвори постапка и да се истражи докрај, без разлика за кого се работи”, рече премиерот.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира