ТРАМП ВЕЛИ ДЕКА РАЗГОВОРИТЕ СО ИРАН ОДАТ ДОБРО, ГИ ОДЛОЖИ НАПАДИТЕ ВРЗ ЕЛЕКТРАНИТЕ ЗА УШТЕ 10 ДЕНА

    ТРАМП ВЕЛИ ДЕКА РАЗГОВОРИТЕ СО ИРАН ОДАТ ДОБРО, ГИ ОДЛОЖИ НАПАДИТЕ ВРЗ ЕЛЕКТРАНИТЕ ЗА УШТЕ 10 ДЕНАТрамп и натаму не открива со кого во Иран се водат разговори (Фото: АП)

    Доналд Трамп повторно го продолжи крајниот рок за отворање на Ормускиот Теснец, откако Иран го отфрли американскиот мировен предлог со 15 точки како неправеден. Војната утре влегува во петтата недела и Трамп првично се закани дека ќе го зголеми притисокот врз Иран за да прифати договор. Подоцна објави дека ги одложува нападите врз иранските електрани за уште десет дена, до 7 април на полноќ.

    Разговорите се во тек и одат многу добро, и покрај неточните изјави за спротивното од страна на медиумите што шират лажни вести и други“, кажа Трамп.

    Иран кажа дека не е вклучен во разговори со САД и нема намера да преговара, туку само разменуваат пораки преку посредникот Пакистан. Трамп не откри со кого во Иран се водат разговори.

    По неколку дена шпекулации, САД вчера конечно потврдија дека планот постои. Американскиот специјален пратеник за Блиски Исток, Стив Виткоф, кажа дека планот со 15 точки ја формира рамката на мировен договор, но не ги откри неговите детали.

    Трамп на 23 март објави дека ги одложува најавените напади врз иранските електрани за пет дена и сега го продолжи овој рок за уште десет дена. Иран се закани дека ќе ги гаѓа системите за струја и вода во соседните земји ако бидат нападнати неговите електрани.

    Иранците ми бараа одложување од седум дена, јас им дадов десет. Тие се лоши борци, но одлични преговарачи“, изјави Трамп за „Фокс њуз“.

    Иран го затвори Ормускиот Теснец за најголемиот број бродови откако почнаа американско-израелските напади на 28 февруари и Трамп не успеа да добие ветување од други држави дека ќе испратат воени бродови за негово отворање. Трамп кажа дека вчера низ Теснецот поминале десет танкери, оценувајќи го тоа како гест на добра волја на Иран во преговорите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира