НЕКОЛКУМИНА ПОВРЕДЕНИ ВО СИЛНОТО НЕВРЕМЕ ВО ЗАГРЕБ, ЗАТВОРЕНИ УЧИЛИШТА И ВО СЛОВЕНИЈА И БИХ

    НЕКОЛКУМИНА ПОВРЕДЕНИ ВО СИЛНОТО НЕВРЕМЕ ВО ЗАГРЕБ, ЗАТВОРЕНИ УЧИЛИШТА И ВО СЛОВЕНИЈА И БИХСилни ветрови предизвикаа хаос во Загреб, уривајќи дрвја и оштетувајќи автомобили и покриви од згради (Фото: АП)

    Силни ветрови, дожд и снег затворија училишта и оставија илјадници луѓе без струја во делови од Словенија, Хрватска и БиХ.

    Властите издадоа предупредување за лоши временски услови во десетици општини во Словенија, со ветрови од околу 140 километри на час. Голем број патишта се блокирани од паднати дрвја, а повеќе од 15.000 луѓе се без струја.

    Во Хрватска, силни ветрови предизвикаа хаос во Загреб, уривајќи дрвја и оштетувајќи трамваи, автомобили и покриви од згради. Властите кажаа дека основните и средните училишта нема да работат денеска поради лошото време. Ветровите на моменти достигнувале брзина од 120 километри на час.

    „Вакви долготрајни и силни ветрови не се карактеристични за Загреб“, изјави метеорологот Петра Микуш-Јурковиќ.

    Градоначалникот Томислав Томашевиќ кажа дека пожарникарите имале над 300 интервенции и дека неколку лица се повредени, од кои едно потешко.

    Училишта се затворени и во северозападниот дел на БиХ, каде што снегот предизвика и проблеми во електроснабдувањето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира