Македонскиот музичар и композитор, велешанецот Сашко Костов заедно со бугарскиот автор Јавор Карагитлиев ја добија наградата „Икар“ за најдобра авторска музика во претстава создадена во театар во Бугарија. Таа е национална награда на Сојузот на бугарските артисти кое доделува признанија во 52 категории.
Наградата на Костов му беше врачена на 27 март, Светскиот ден на театарот, во националниот театар „Иван Вазов“ во Софија. Костов заедно со Карагитлиев добија награда за авторската музика за претставата „Вљубениот дирижабл“, режија на Дијана Добрева, продукција на Драмскиот театар „Николај Масилитинов“ од Пловдив.
Според образложението, Костов и Карагитлиев се наградени за нивниот уникатен звучен печат во театарската претстава.
П. ПЕЧКОВ



