НА 50 ГОДИНИ ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ РУСКИ РАКОМЕТАР И БИВШ ТРЕНЕР НА ВАРДАР, ЕДУАРД КОКШАРОВ

    НА 50 ГОДИНИ ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ РУСКИ РАКОМЕТАР И БИВШ ТРЕНЕР НА ВАРДАР, ЕДУАРД КОКШАРОВКокшаров беше светски и олимписки првак и едно од најдобрите леви крила на својата генерација (Фото: Мешков Брест)

    На 50-годишна возраст ненадејно почина Едуард Кокшаров, легендарниот руски ракометар кој дел од кариерата помина и во Вардар. Веста ја потврди белорускиот шампион Брест Мешков, каде што работеше како тренер.

    Кокшаров беше едно од најдобрите леви крила на својата генерација. Со руската репрезентација беше светски првак во 1997 и освои олимписко злато во 2000, постигнувајќи повеќе од илјада голови. На клупски план најголемиот успех го оствари со словенечко Целје, со кој славеше во Лигата на шампионите во 2004 година.

    Кокшаров беше спортски директор на Вардар од 2016 до 2020 во најуспешната ера во историјата на клубот, додека паралелно ја водеше машката репрезентација на Русија како селектор. Во одредени периоди беше и тренер на женската и машката екипа на Вардар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира