ТРАМП ВЕЛИ ДЕКА ИРАН ПОБАРАЛ ПРЕКИН НА ОГНОТ, ТЕХЕРАН ДЕМАНТИРА

    ТРАМП ВЕЛИ ДЕКА ИРАН ПОБАРАЛ ПРЕКИН НА ОГНОТ, ТЕХЕРАН ДЕМАНТИРАИран и натаму тврди дека нема да преговара со САД (Фото: АП)

    Иран го демантираше Доналд Трамп дека Техеран побарал прекин на огнот, опишувајќи го тоа како лажно и неосновано. Ова следува откако Трамп кажа дека „претседателот на новиот ирански режим“ побарал примирје од САД, без да го именува, велејќи дека тој е многу помалку радикализиран и далеку поинтелигентен од неговите претходници.

    Ќе го разгледаме тоа кога Ормускиот Теснец ќе биде отворен, слободен и чист. Дотогаш, ќе продолжиме да го уништуваме Иран до заборав, додека не го вратиме во Камена доба“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.

    Портпаролот на иранското министерство за надворешни работи Есмаеил Багеи кажа дека тврдењата на Трамп се лажни и неосновани.

    Трамп ноќва ќе има вонредно обраќање до нацијата во врска со Иран, но и, како што најави за „Ројтерс“, ќе го изрази своето гадење од НАТО. Тој вчера кажа дека војната со Иран би можела да заврши во рок од две-три недели, најавувајќи можни директни разговори и намалување на конфликтот и без постигнат договор.

    Ќе заминеме од Иран доста брзо, но би можеле да се вратиме за конкретни удари, ако биде потребно“, кажа Трамп.

    Додаде дека ја оствариле главната цел и го спречиле Иран да создаде нуклеарно оружје.

    Збогатениот ураниум е длабоко под земја и не ми е гајле за тоа. Секогаш ќе го гледаме со сателити. Иран е неспособен да создаде нуклеарно оружје сега“, рече Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира