ИМАМЕ ЗАЛИХИ НА ОРУЖЈЕ ЗА КОИ САД И ИЗРАЕЛ НЕ НИ ЗНААТ, МУ КАЖА ИРАН НА ТРАМП

    ИМАМЕ ЗАЛИХИ НА ОРУЖЈЕ ЗА КОИ САД И ИЗРАЕЛ НЕ НИ ЗНААТ, МУ КАЖА ИРАН НА ТРАМПИран им се закани на САД и Израел со уште посилни напади (Фото: ДПА)

    Иранската војска кажа дека САД и Израел погодуваат незначајни цели и предупреди дека претстојните ирански напади ќе бидат „разорни, пошироки и деструктивни“. Таа го отфрли тврдењето на Трамп дека иранските залихи на оружје се исцрпени.

    „Иран има скриени залихи на оружје и муниција. САД и Израел имаат нецелосни информации за воените капацитети и опрема на Иран. Военото производство на Иран се одвива на места што вие воопшто не ги знаете и никогаш нема да допрете до нив“, рече портпаролот на иранската војска Ебрахим Зулфикари.

    Тој порача дека САД и Израел мора да платат за агресијата што ја иницираа.

    „Иран ќе продолжи со војната сè додека САД и Израел не се соочат со трајно жалење и предавање“, кажа Зулфикари.

    Иран се огласи откако Доналд Трамп имаше ТВ-обраќање, во кое не понуди точен временски рок кога би можела да заврши војната, но кажа дека САД жестоко ќе го напаѓаат Иран во следните две-три недели.

    „На добар пат сме да ги оствариме сите воени цели на Америка наскоро, многу брзо. Ќе ги удриме исклучително силно во следните две до три недели“, рече Трамп, кој во почетокот најавуваше дека војната ќе трае од четири до шест недели.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира