Еден напаѓач е убиен, а двајца се ранети во пукање пред зградата на израелскиот конзулат во населбата Бешикташ во Истанбул, изјави регионалниот гувернер Давут Ѓул. Турските медиуми објавија дека напаѓачите биле вооружени со автоматски пушки и пиштоли и дека се судриле со полицијата.
Турските ,медиуми објавија дека сите тројца напаѓачи се убиени.
„Двајца полицајци се ранети. Еден од терористите е убиен, а другите двајца се ранети и неутрализирани“, кажа Ѓул.
Турскиот министер за внатрешни работи Мустафа Чифчи потврди дека нападот го извеле три лица.
„Тие пристигнале во Истанбул со изнајмено возило од Измит. Утврдено е дека еден од нив бил поврзан со организација што ја експлоатира религијата. Исто така е утврдено дека двајца од терористите се браќа, а еден од нив има досие за дрога“, изјави Чифчи.
Моментално нема стационирани израелски дипломати во Турција, па така и во конзулатот во Истанбул. Турското министерство за правда отвори истрага за престрелката, која траела околу десет минути.


