Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека Иран молел за примирје зашто му било доста од сѐ. Тој кажа дека американската војска засега је завршила својата работа.
„Ова е голема воена победа на САД, а борбената способност на иранската војска е уназадена за многу години. Водечкиот светски спонзор на тероризмот се покажа неспособен да се брани. САД ги постигнаа своите воени цели, уништувајќи ги иранските воздухопловни сили и морнарица. Ова е голем ден за светскиот мир“, рече Хегсет, откако ноќеска беше договорен двонеделен прекин на огнот.
Тој додаде дека Иран прифатил примирје под огромен притисок, а доколку ги одбиеше условите на САД, ќе останеше без електрани, мостови и нафтена инфраструктура.
„Иран сфати дека е подобро да прифати договор. Претседателот Трамп имаше моќ да ја уништи целата иранска економија за неколку минути, но покажа милост“, кажа Хегсет.
Според него, американските сили ќе останат на Блискиот Исток за да следат дали примирјето се спроведува, додавајќи дека Иран се согласил да пушта бродови низ Ормускиот Теснец.
За сегашниот ирански режим кажа дека го водат нови луѓе, поразлични од оние во изминатите 47 години, кои се свесни дека мора да преговараат со САД.
Откако Пакистан, кој беше посредник во разговорите, кажа дека мировните преговори САД-Иран ќе почнат на 10 април во Исламабад, Белата куќа соопшти дека засега ништо не е финализирано околу плановите за директни разговори.
