АМЕРИКАНСКИТЕ СИЛИ ОСТАНУВААТ ОКОЛУ ИРАН И ЌЕ ЗАПУКААТ УШТЕ ПОСИЛНО АКО НЕ СЕ ПОЧИТУВА ДОГОВОРОТ, КАЖА ТРАМП

    АМЕРИКАНСКИТЕ СИЛИ ОСТАНУВААТ ОКОЛУ ИРАН И ЌЕ ЗАПУКААТ УШТЕ ПОСИЛНО АКО НЕ СЕ ПОЧИТУВА ДОГОВОРОТ, КАЖА ТРАМПИран се закани дека ќе го напушти примирјето ако Израел продолжи да го напаѓа (Фото: АП)

    Доналд Трамп изјави дека американските воени бродови и авиони ќе останат околу Иран и се закани дека САД ќе почнат да пукаат повторно доколку Техеран не се придржува целосно до договорот постигнат со Вашингтон.

    Сите американски воени бродови, авиони и персонал, заедно со придружните оружја и муниција, ќе останат на свое место околу Иран сѐ додека постигнатиот вистински договор не се исполни целосно. Ако од која било причина тоа не се случи, што е многу малку веројатно, тогаш ќе почне пукањето, поголемо, подобро и посилно од кога било досега“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.

    Иран вчера кажа дека би било „неразумно“ да продолжат разговорите за постигнување траен мировен договор со САД откако Израел жестоко го нападна Либан, при што загинаа стотици луѓе.

    Се чини дека двете страни се далеку во своите ставови во врска со нуклеарната програма на Иран, при што Трамп рече дека Иран се согласил да престане да збогатува ураниум, а претседателот на иранскиот парламент Мохамед Багер Калибаф рече дека е дозволено да продолжат со збогатување ураниум, според условите од договорот за прекин на огнот.

    Беше договорено одамна, и покрај целата лажна реторика што го тврди спротивното, дека Иран нема да има нуклеарно оружје и Ормускиот Теснец ќе биде отворен и безбеден“, додаде Трамп.

    Несогласувања постојат и околу тоа дали Либан е вклучен во примирјето. Израел и САД тврдат дека Либан не е дел од договорот, додека Иран инсистира на целосен крај на непријателствата во регионот. Иран дури се закани дека ќе го напушти примирјето ако Израел продолжи да го напаѓа Либан и додаде дека Ормускиот Теснец останува затворен поради тоа.

    Три клаузули од иранскиот план од десет точки се кршат јасно и отворено и во таква ситуација, билатерален прекин на огнот или преговори се неразумни“, изјави Калибаф, кој ќе ја предводи иранската делегација на мировните разговори со САД во Пакистан, што треба да почнат на 11 април.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира