ЦЕЛА ГОДИНА НЕ РАБОТИ КИНОТО МИЛЕНИУМ, ГРАД СКОПЈЕ ПРОЦЕНУВА КОЛКУ ЌЕ ЧИНИ РЕКОНСТРУКЦИЈАТА

    ЦЕЛА ГОДИНА НЕ РАБОТИ КИНОТО МИЛЕНИУМ, ГРАД СКОПЈЕ ПРОЦЕНУВА КОЛКУ ЌЕ ЧИНИ РЕКОНСТРУКЦИЈАТАКиното во ГТЦ е затворено и во мрак од лани на 2 април, кога на на нивната фејсбук страна објави дека поради технички причини, нема да прикажува проекции во следниот период. (Фото: К. Попов)

    Киното Милениум во Скопје не работи цела година, а од Град Скопје велат дека се очекува во наредните неколку месеци киното да биде повторно ставено во функција.

    Киното во скопскиот Градски трговски центар (ГТЦ) е затворено и во мрак од лани на 2 април, кога на на својата фејсбук страна објави дека поради технички причини нема да прикажува проекции во следниот период. Во Скопје кинопроекции има само во кината Синеплекс и Киноверзум, како и во Кинотеката на Македонија.

    Директорот на Младинскиот културен центар (МКЦ) Арбен Бени Шаќири не одговори на нашите прашања испратени на 23 февруари кога ќе биде отворено киното, па одговор побаравме од Град Скопје.

    „Град Скопје презема конкретни активности за повторно ставање во функција на градското кино Милениум. Во моментов се врши проценка на постојната состојба со цел да се утврдат приоритетите за понатамошна реконструкција. Очигледно е дека негрижата од изминатите години довела до потреба од неопходни градежни интервенции, како санација на кровот, реконструкција на внатрешноста и набавка на нова аудиовизуелна киноопрема. Се очекува во наредните неколку месеци киното да биде повторно ставено во функција, по што скопјани повторно ќе можат да го користат“, ни рекоа од Град Скопје.

    Шаќири лани во јуни ни рече дека за проблемот се известени сите релевантни инстанци, од Управен одбор до Надзорен одбор како и Управата на ГТЦ.

    „Јас, како раководно лице не сакам да дозволам никој да настрада во киното за каков било настан и да се работи, и настојувам да се интервенира на поправка на кровот како би можеле да продолжиме со нормално функционирање на киното! Искрено се надевам дека проблемот ќе биде надминат час поскоро“, изјави Шаќири лани за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира