ЕВРОВИЗИЈА ЗАБРАНИ ВО САЛАТА ДА СЕ ВНЕСАТ ЗНАМИЊА БЕЗ СЕРТИФИКАТ ДЕКА СЕ НЕЗАПАЛИВИ, ПО ПОЖАРОТ ВО КРАН МОНТАНА

    ЕВРОВИЗИЈА ЗАБРАНИ ВО САЛАТА ДА СЕ ВНЕСАТ ЗНАМИЊА БЕЗ СЕРТИФИКАТ ДЕКА СЕ НЕЗАПАЛИВИ, ПО ПОЖАРОТ ВО КРАН МОНТАНАЈавниот радиодифузен сервис на Австрија (ОРФ) соопшти дека ќе бидат дозволени производи што ги исполнуваат или австриските или европските стандарди. (Фото: ДПА)

    Публиката на годинашната Евровизија во Виена во мај ќе смее да вее само знамиња и знаменца за кои може да докаже дека се тешко запаливи, соопшти официјалниот дистрибутер на билети за настанот Оетикет. Оетикет се повика на построги противпожарни правила по смртоносниот новогодишен пожар во швајцарското скијачко одморалиште Кран-Монтана, во кој загинаа 41 претежно млади луѓе, а 116 беа повредени. Пожарот беше предизвикан од прскалките поставени на шишиња шампањ кога премногу биле приближени до плафонот.

    За време на Евровизија, знамињата ќе смеат да се внесуваат само ако обожавателите при влезот во виенската „Штадхале“ приложат сертификати за исполнување на потребните противпожарни стандарди, изјави портпаролка на Австрискиот радиодифузен сервис (ОРФ) за агенцијата ДПА.

    Јавниот радиодифузен сервис,  кој е коорганизатор на натпреварот, соопшти дека ќе бидат дозволени производи што ги исполнуваат или австриските или европските стандарди.

    За 70-годишнината, музичкиот натпревар се одржува во Виена, откако австрискиот пејач Џеј Џеј победи минатата година во Базел, Швајцарија. Околу 90.000 билети за полуфиналните и финалните настапи, како и за пробните изведби, се практично распродадени уште од јануари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира