АМЕРИКАНЕЦ УБИ ОСУМ ДЕЦА, ОД КОИ СЕДУМ НЕГОВИ

    АМЕРИКАНЕЦ УБИ ОСУМ ДЕЦА, ОД КОИ СЕДУМ НЕГОВИПолицијата кажа дека станува збор за семеен инцидент (Фото: АП)

    Американец уби седум свои деца и уште едно дете во пукање во градот Шревепорт во сојузната држава Луизијана, што полицијата го опиша како „домашно насилство“. Децата биле на возраст од една до 14 години.

    Убиецот е идентификуван како 31-годишниот Шамар Елкинс. Тој застрелал десет луѓе, пред да избега со украден автомобил. Полицијата го убила откако тргнала по него.

    Две возрасни жени, вклучувајќи ја мајката на децата, се во критична состојба. Елкинс прво застрелал жена на улица, по што се упатил кон куќа во соседството, каде што убил осум деца, од кои едно не било роднински поврзано со него.

    Според полицијата, деветто дете скокнало од покривот и сега е во болница, но се очекува да преживее. Едно од децата било убиено на покривот.

    „Сите починати се малолетници. Полицајците се уверени дека ова е целосно семеен инцидент“, изјави портпаролот на полицијата на Шревепорт, Крис Борделон.

    Ова е најсмртоносното масовно пукање во САД од јануари 2024, кога беа убиени осум лица во градот Џолиет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира