ЗА 1,5 ДЕНАРИ СЕ НАМАЛУВА ЦЕНАТА НА ГОРИВАТА

    ЗА 1,5 ДЕНАРИ СЕ НАМАЛУВА ЦЕНАТА НА ГОРИВАТАЦената на нафтените деривати се намалува во просек за 2,13% во однос на минатата недела.(Фото: СДК.МК)

    Малопродажните цени на бензините и дизелот од полноќ се намалуваат за 1,50 денари за литар.

    Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,13% во однос на одлуката од 14.4.2026 година.

    Од 21.4.2026 година од 00:01 часот максималните цени на  ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 80,50 денари, на ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,50, а на дизер горивата цената ќе биде 94 денари.

    Во одлуката за определување на малопродажните цени на нафтените деривати се вклучени повластената стапка на ДДВ од 10% освен за мазутот и дизелските фракции и намалените износи на акцизите за еуродизел од 4 денари за литар и од 2 денари за литар за бензинските фракции.

    Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,806%, кај дизелот за 9,605%, кај екстра лесното масло  за 8,205% и кај мазутот намалувањето е за 6,515%.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира