РЕПУБЛИКА ВЕВЧАНИ Е ПРОТАГОНИСТ ВО АМЕРИКАНСКИОТ ДОКУМЕНТАРЕЦ „МИКРОНАЦИИ“ ШТО ЌЕ ИГРА НА ФЕСТИВАЛОТ ТРАЈБЕКА ВО ЊУЈОРК

    РЕПУБЛИКА ВЕВЧАНИ Е ПРОТАГОНИСТ ВО АМЕРИКАНСКИОТ ДОКУМЕНТАРЕЦ „МИКРОНАЦИИ“ ШТО ЌЕ ИГРА НА ФЕСТИВАЛОТ ТРАЈБЕКА ВО ЊУЈОРКВо „Микронации“ на Џо Ковалски за Вевчани зборува Насто Богоески, сопственик на „Кутмичевица“ еден од најпознатите вевчански ресторани во овој регион. (Фото: Принтскрин од трејлерот на филмот)

    Македонското село Вевчани е меѓу протагонистите на американскиот документарец „Микронации“ на Џо Ковалски, чија премиера ќе биде на годинешниот филмски фестивал Трајбека во Њујорк во јуни.

    Во „Микронации“ за Вевчани зборува Насто Богоески, сопственик на „Кутмичевица“ еден од најпознатите вевчански ресторани во овој регион, кој се појавува и во трејлерот објавен пред премиерата.

    „’Микронации’ е долгометражен документарец што патува низ светот за да истражи ексцентрична заедница на луѓе што си измислуваат свои земји. Од кралства во дворови до целосно развиени микронационални самити, ова чудно деби од режисерот Џо Ковалски дава увид во културата ‘направи сам’ на самопрогласени кралеви, кралици и цареви, и се трансформира во актуелно истражување на границите, идентитетот и значењето на заедницата во еден сè пофрагментиран свет“, се вели во објавените продукциски белешки за филмот.

    Струшкото село Вевчани, прочуено по традиционалниот василичарски карневал кој е еден од најстарите во регионот, е познато по тоа се обиде да прогласи независност од две различни земји во текот на последните пет децении – во бивша Југославија и во самостојна Македнија – и покрај тоа што има население од само 2.400 жители. Во 1987, Вевчани прво се закани со отцепување од Југославија по политичките притисоци поради спорот за вода со соседното село Октиси. Потоа, само 11 дена по осамостојувањето на Македонија во 1991, селото се прогласи за независна република, а во 2002 Република Вевчани почна да издава пасоши и печати валута, како иронична микронација во обид да привлече туристи и да се потсмева на политиката на веење „национално знаме“.

    На фестивалот Трајбека годинава светска премиера ќе има и „Скејтањето не е за девојчиња“, вториот игран филм на македонската режисерка Дина Дума. Во Mеѓународната конкуренција за награди, официјалнаta премиера ќе биде на 4 јуни, ќе има четири проекции на фестивалот, а македонската премиера се најавува за септември.

    Годинешното 25. издание на фестивалот Трајбека ќе се одржи 3-14 јуни.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира