ИРАН ВЕЛИ ДЕКА НЕМА ДА ГО ОТВОРИ ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ ДОДЕКА ТРАЕ АМЕРИКАНСКАТА БЛОКАДА

    ИРАН ВЕЛИ ДЕКА НЕМА ДА ГО ОТВОРИ ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ ДОДЕКА ТРАЕ АМЕРИКАНСКАТА БЛОКАДАИсламската револуционерна гарда нападна три товарни брода во Ормускиот Теснец и заплени два од нив (Фото: АП)

    Иран ја зацврстува својата контрола врз Ормускиот Теснец откако Доналд Трамп објави дека ги откажува нападите на неодредено време, иако нема назнаки дека мировните разговори ќе продолжат. Статусот на примирјето, кое требаше да истече вчера, е неизвесно, иако Трамп еднострано го продолжи.

    Сепак, иранските функционери не кажаа дека се согласуваат со продолжувањето на прекинот на огнот и ја критикуваа одлуката на Трамп да ја продолжи блокадата на иранските пристаништа, сметајќи го тоа за чин на војна.

    Претседателот на иранскиот парламент и главен преговарач Мохамед Багер Калибаф рече дека целосен прекин на огнот има смисла само ако се укине блокадата.

    „Повторното отворање на Ормускиот Теснец е невозможно со такво флагрантно кршење на прекинот на огнот. Не ги постигнавте вашите цели преку воена агресија и нема да ги постигнете ниту со малтретирање. Единствениот начин е признавање на правата на иранскиот народ“, рече Калибаф.

    Исламската револуционерна гарда вчера нападна три товарни брода во Ормускиот Теснец и заплени два од нив, при што немаше повредени. Гардата кажа дека бродовите, кои пловеле под знамето на Панама и Либерија, работеле без потребните дозволи. Портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит, изјави дека бродовите не биле американски или израелски, па запленувањето не претставува кршење на прекинот на огнот, туку само чин на пиратство.

    Трамп во вторникот вечер објави дека го прифатил барањето на посредникот Пакистан и го одложи нападот врз Иран „сè додека неговите лидери и претставници не излезат со унифициран предлог не завршат разговорите“. Тој притоа не постави никаков краен рок за доставување на предлозите или за завршување на разговорите, рече Ливит.

    Преку оваа блокада целосно ја задушуваме нивната економија. Тие губат 500 милиони долари дневно. Претседателот Трамп е задоволен од ситуацијата и инсистира дека САД ја имаат контролата“, кажа Ливит.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира