СУДСКИ ПОЛИЦАЕЦ И ДОСТАВУВАЧ ОД КРИВИЧНИОТ СУД ОСОМНИЧЕНИ ЗА ПОТКУП, ЕДНИОТ ДОБИ ПРИТВОР, ДРУГИОТ КУЌЕН ПРИТВОР

    СУДСКИ ПОЛИЦАЕЦ И ДОСТАВУВАЧ ОД КРИВИЧНИОТ СУД ОСОМНИЧЕНИ ЗА ПОТКУП, ЕДНИОТ ДОБИ ПРИТВОР, ДРУГИОТ КУЌЕН ПРИТВОРОд Кривичниот суд велат дека иако двајцата осомничени се вработени во оваа институција, судот морал да одлучува по предлозите бидејќи делото е од надлежност на одделението за организиран криминал и корупција. (архивска фотографија)

    Основниот кривичен суд Скопје одреди мерки притвор за двајца свои вработени под сомнение за кривично дело примање награда за противзаконито влијание.

    На судскиот полицаец Г. А. А. му е одреден притвор во траење од 30 дена со решение донесено на 9 април годинава. Тој се сомничи за делото примање награда за противзаконито влијание, а судот при одлучувањето оцени дека постои опасност од бегство и можност за влијание врз сведоци и докази во текот на постапката. Ова решение е веќе правосилно.

    За вториот осомничен, Ф. Џ., кој во судот работел како доставувач, е одредена мерка куќен притвор од 30 дена на 22 април. Тој се сомничи за помагање во извршување на истото кривично дело. Иако надлежното обвинителство барало затворски притвор, судот не го прифати овој предлог, по што јавниот обвинител поднесе жалба до кривичниот совет.

    Од Кривичниот суд велат дека иако двајцата осомничени се вработени во оваа институција, судот морал да одлучува по предлозите бидејќи делото е од надлежност на одделението за организиран криминал и корупција. Според судската пракса, во вакви случаи судот не може да биде изземен од постапување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира