Италија ќе стане најзадолжената држава во еврозоната до крајот на годината, наследувајќи го неславниот статус од Грција, според податоците од буџетскиот план на Италија.
Долгот на Грција ќе се намали на 137% од бруто домашниот производ оваа година, откако лани изнесувал 145,9%, изјавија двајца високи функционери. Наспроти ова, се очекува долгот на Италија да порасне на 138,6% од БДП.
„Грција од оваа година ќе престане да биде најзадолжената земја во еврозоната. Новата проценка за долгот на Грција ќе биде вклучена во повеќегодишниот фискален план на земјата, што ќе биде доставен до Европската комисија на крајот од овој месец“, рекоа двајцата функционери.
Јавниот долг на Грција, највисок во еврозоната во последните две децении, се намали за повеќе од 60% од бруто домашниот производ минатата година, откако го достигна врвот од 209,4% во 2020. Грчката економија постојано растеше за повеќе од 2% во последните три години, надминувајќи го просекот на ЕУ, водена од инвестициите, домашната побарувачка и туризмот.



