ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ЌЕ НАБАВИ АРОМА И АРОМАТИЗЕРИ, ВЕЛАТ ДЕКА ТРЕБА ДА МИРИСА УБАВО КОГА ЌЕ ВЛЕЗЕТЕ ВО ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА

    ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ЌЕ НАБАВИ АРОМА И АРОМАТИЗЕРИ, ВЕЛАТ ДЕКА ТРЕБА ДА МИРИСА УБАВО КОГА ЌЕ ВЛЕЗЕТЕ ВО ОПШТИНСКАТА ЗГРАДАНабавката е за „арома за ароматизер за простор до 200 метри квадратни или 900 метри кубни, и арома за простор до 40 метри квадратни, односно 200 кубни“, се вели во огласот на Општината; - Градоначалникот Митко Јанчев. (СДК.МК)

    Општина Кавадарци распиша оглас за јавна набавка на ароматизирачки препарати и восоци во вредност од 41.000 денари (околу 660 евра). Договорот со избраната фирма, односно набавката, ќе биде за една година, пишува во огласот.

    Набавката е за „арома за ароматизер за простор до 200 метри квадратни или 900 метри кубни, и арома за простор до 40 метри квадратни, односно 200 кубни“.

    Прашавме во Општината зошто се набавуваат ароматизери, дали можеби има проблем со хигиената и дали ова се просториите на салата на Советот на Општината,  можеби на сала за состаноци или на кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев?

    „Ароматизерите се за во ходниците. Кога ќе влезете, да мириса убаво во Општината. Не се за советниците, градоначалникот и вработените“, ни беше кажано од службеничката одговорна за оваа јавна набавка.

    Јавното отворање на понудите по електронски пат ќе се одржи на 30.04.2026 година во 10:00 часот во Општина Кавадарци.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира