ВО ЕТИОПИЈА СЕ ГРАДИ НАЈГОЛЕМИОТ АЕРОДРОМ ВО АФРИКА, ЧИНИ 12,5 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

    ВО ЕТИОПИЈА СЕ ГРАДИ НАЈГОЛЕМИОТ АЕРОДРОМ ВО АФРИКА, ЧИНИ 12,5 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИМеѓународниот аеродром Бишофту е планирано да биде отворен во 2030 година со две писти и капацитет од 60 милиони патници годишно, со планови да порасне до 110 милиони патници. (Фото: Икс-Јуниверз)

    Летањето меѓу африканските градови ги принудува многу патници да транзитираат надвор од континентот, преку Лондон, Париз или Дубаи. Но, аеродром од 12,5 милијарди долари, кој се гради во Етиопија, би можел да помогне да се промени тоа.

    На речиси 50 километри југоисточно од главниот град Адис Абеба, изградбата почна во јануари, а етиопскиот премиер Абиј Ахмед Али ја нарече „најголемиот инфраструктурен проект во воздухопловството во историјата на Африка“.

    Меѓународниот аеродром Бишофту е планирано да биде отворен во 2030 година со две писти и капацитет од 60 милиони патници годишно, со планови да порасне до 110 милиони патници, повеќе од најпрометниот аеродром во светот, Хартсфилд-Џексон во Атланта, кој опслужи 106 милиони патници во 2025 година.

    Проектот го предводи државната авиокомпанија „Етиопиан ерлајнс“,  најголемиот превозник во Африка според големината на флотата, вкупниот број патници и приходите. Главниот извршен директор Месфин Тасев за „Си-Ен-Ен“ дека авиокомпанијата „ќе инвестира 30% од својот капитал“ за директно покривање на трошокот од 12,5 милијарди долари. Останатите 8 милијарди долари сè уште не се обезбедени, при што САД, Кина и неодамна Италија од се вклучени во преговорите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира