ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЈА НАМАЛУВА ЈАЗИЧНАТА РАЗНОЛИКОСТ И ГО СТАНДАРДИЗИРА ИЗРАЗУВАЊЕТО

    ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЈА НАМАЛУВА ЈАЗИЧНАТА РАЗНОЛИКОСТ И ГО СТАНДАРДИЗИРА ИЗРАЗУВАЊЕТОИ луѓето кои не ја користат оваа технологија почнале да пишуваат слично на јазичните модели за да постигнат впечаток на повлијателен стил. (архивска фотографија)

    Истражувањата покажуваат дека вештачката интелигенција ги насочува корисниците кон поидеална и предвидлива форма на јазикот, со што се намалуваат варијациите во вокабуларот и структурата на речениците.

    Студија на Универзитетот во Јужна Калифорнија, во која се анализирани научни списанија и медиумски содржини, утврдила дека стилската разновидност нагло опаднала по појавата на Чет-ГПТ.

    Истражувачите од институтот Макс Планк забележале дека одредени зборови карактеристични за вештачката интелигенција сè почесто се појавуваат во секојдневната комуникација.

    Експертите велат дека и луѓето кои не ја користат оваа технологија почнале да пишуваат слично на јазичните модели за да постигнат впечаток на повлијателен стил. Алекс Махадеван од институтот Поинтер вели дека таквото пишување е граматички точно, но често делува бездушно и просечно.

    Податоците од 2025 година покажуваат дека значителен дел од малите бизниси и поединците веќе користат вештачка интелигенција за комуникација, што според лингвистите може да доведе до губење на автентичниот човечки глас.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира