ПОЖАР ВО ШУТО ОРИЗАРИ, СЕ ЗАПАЛИ МАШИНА ЗА МЕЛЕЊЕ ЖЕЛЕЗО

    ПОЖАР ВО ШУТО ОРИЗАРИ, СЕ ЗАПАЛИ МАШИНА ЗА МЕЛЕЊЕ ЖЕЛЕЗОНа терен интервенира Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје со две противпожарни возила. (Фото: Град Скопје)

    Гори депонијата во населбата Шуто Оризари. Како што информираа од Центарот за управување со кризи, преку бројот 112 е добиена пријава дека се запалила машина за мелење железо.

    На терен интервенира Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје со две противпожарни возила.

    „Според информација од ЦУК, добиена во 12:03 часот од градоначалникот на Шуто Оризари, пожарот е ставен под контрола и нема опасност од негово ширење, бидејќи плацот е ограден со ѕидови“, велат од ЦУК.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира