ЗАВРШЕНА Е ЕКСПРОПРИЈАЦИЈАТА, ПОЧНУВА ПРОБИВАЊЕ НА УЛИЦАТА ОД МОСТОТ МИХАЈЛО АПОСТОЛСКИ НИЗ КЕРАМИДНИЦА, ВЕЛИ ЃОРЃИЕВСКИ

    ЗАВРШЕНА Е ЕКСПРОПРИЈАЦИЈАТА, ПОЧНУВА ПРОБИВАЊЕ НА УЛИЦАТА ОД МОСТОТ МИХАЈЛО АПОСТОЛСКИ НИЗ КЕРАМИДНИЦА, ВЕЛИ ЃОРЃИЕВСКИЃорѓиевски вели во наредните 60 дена да се воспостави целосен и функционален сообраќаен проток. (Фото: ГРад Скопје)

    Град Скопје ги заврши постапките за експропријација на куќите кои се наоѓаат на трасата за пробивање на булеваорот  низ Керамидница и преку мостот „Михајло Апостолски“ да се поврзат оштините Аеродром со Гази Баба.

    Градоначалкникот Орце Ѓорѓиевски вели дека за два месеци трасата ќе биде пробиена.

    „Завршени се процесите на експропријација, кои претставуваа клучна пречка за активирање на овој значаен инфраструктурен проект. Во тек се подготвителни активности, административна постапка и процес на преселување на жителите од објектите на трасата, по што се очекува во наредните 60 дена да се воспостави целосен и функционален сообраќаен проток“, напиша Ѓорѓиевски на неговиот фејсбук профил.

    Пред еден месец одговарајќи на советничко прашање на Седница на Советот на Град Скопје Ѓорѓиевски рече дека експропријацијата на објектите кои се на трасата после мостот го кочи пробивањето на булеварот. Тој тогаш кажа дека дел од сопствениците на куќите не сакаат да ја прифатат цената која ја нуди Град Скопје, па ќе мора да се води судски спор.

    „Повеќето позиции се решени со спогодба, каде што барањата на граѓаните биле разумни. Постои спор со едно семејство, кое бара двојно поголема сума од проценетата. Првото рочиште за овој случај е закажано за јуни. За овој случај, работите не зависат од нас. Давам сè од себе, сакам да го пробијам тој мост. Експропријацијата нема целосно да се заврши веднаш, затоа работиме на опција да се пробијат две ленти и додека не се заврши целата постапка, да се вози по нив како излез од мостот“, рече Ѓорѓиевски на 10 април.

    Изградбата на мостот „Генерал Михајло Апостолски“ почна во мандатот на ексградоначалникот Петре Шилегов. Со доаѓање на функција на Данела Арсовска проектот беше стопиран. Арсовска изјави дека мостот ќе биде за ловење риба бидејќи не може да се стави во функција оти имало многу нерасчистени имотно-правни односи на трасата низ Керамидница.

    Со изградбата на овој мост и пробивањето на новиот коридор, од Лисиче до Судската палата со автомобил ќе се стигнува за 5 минути, со автобус за 10 минути, со велосипед за 18 минути, а со пешачење за 35 минути. Со тоа, граѓаните на овие три општини можат да заштедат и до 20 минути од времето поминато во сообраќај ако ја изберат оваа рута.

    Изградбата на овој мост во планската документација на Скопје постои уште од 1965 година.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира