ВЕЛЕШКАТА ПОЛИЦИЈА ДОБИ ПАРКИНГ ПРОСТОР КАДЕ ЌЕ ГИ ОСТАВА ОДЗЕМЕНИТЕ ВОЗИЛА

    ВЕЛЕШКАТА ПОЛИЦИЈА ДОБИ ПАРКИНГ ПРОСТОР КАДЕ ЌЕ ГИ ОСТАВА ОДЗЕМЕНИТЕ ВОЗИЛАПаркингот пред Полициската станица со години е депо за мотори и автомобили (Фото: СДК.МК)

    Започна дислоцирањето на паркираните возила од пред Полициската станица во Велес, кои со години тука стоеја, а беа одземени поради кривични дела или прекршок. Ова доаѓа откако Општина Велес отстапи простор на СВР Велес за паркинг за одземени возила. Одлуката ја донесе Советот на Општина Велес со мнозинство гласови.

    Овој паркинг е за полицијата, се однесува на возилата што ги има запленето. Бидејќи пред нивната зграда, а до Општината, е преполно, дадовме простор каде тие возила натаму ќе можат да се остават“, кажа Роза Здравева, раководителка на Одделението за урбанизам во Општина Велес.

    На прашањето од советникот Јованче Манасков дали се дава просторот кој се води како „зелена парцела“, Здравева објасни дека паркингот ќе биде лоциран на парцела која нема дрвја и зеленило и нема да се сече ниедно од постојните.

    Катастарската парцела е поделена на три градежни парцели. Две од нив се наменски, за индустрија, а една ќе се користи за паркинг, таа каде што нема зеленило. Парцелата која е со зеленило останува недопрена“, рече Здравева.

    Паркингот пред Полициската станица со години е депо за мотори и автомобили. Состојбата не се менуваше, ниту подобруваше. Можеа да се видат и земјодлески машини, трактори и комбајни. Паркираните возила биле одземени од сторители на кривично дело или прекршок и се чуваа пред зградата. Оваа бројка се зголеми од 1 февруари, кога се воведе член 297 за одземање возило поради „безобзирно управување со моторно возило“.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира