ТРАМП ПАК МУ СЕ ЗАКАНИ НА ИРАН СО БОМБАРДИРАЊА АКО НАСКОРО НЕ СЕ СКЛУЧИ ДОГОВОР

    ТРАМП ПАК МУ СЕ ЗАКАНИ НА ИРАН СО БОМБАРДИРАЊА АКО НАСКОРО НЕ СЕ СКЛУЧИ ДОГОВОРТрамп смета дека двомесечната војна наскоро би можела да заврши (Фото: ДПА)

    Доналд Трамп одново му се закани на Иран со бомбардирања ако наскоро не се склучи договор. Последните информации кажуваат дека двете страни се блиску до договор, при што Иран објави дека сѐ уште разгледува американски предлог за завршување на војната.

    Во својата денешна објава на Трут соушл, Трамп напиша дека двомесечната војна наскоро би можела да заврши и дека испораките на нафта и гас преку Ормускиот Теснец би можеле да продолжат. Сепак, според него, ова зависи од Иран и дали ќе прифати договор, за кој не изнесе детали.

    Ако не се согласат, почнува бомбардирање и, за жал, тоа ќе биде на многу повисоко ниво отколку што беше досега“, рече Трамп.

    Тој се огласи откако ја прекина тридневната поморска мисија за повторно отворање на Ормускиот Теснец со помош на американската војска, што го загрози кревкото примирје.

    Белата куќа верува дека САД се блиску до договор со Иран за меморандум за завршување на војната, според сајтот „Аксиос“. Сè уште нема договор, но одредбите вклучуваат мораториум за збогатување ирански ураниум, укинување на санкциите на САД, ослободување на замрзнатите ирански средства и отворање на Теснецот за бродови.

    Новите закани од Трамп следуваат откако американскиот државен секретар Марко Рубио кажа дека операцијата „Епски бес“ е завршена и дека отсега ќе се бара само дипломатско решение за конфликтот со Иран.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира