СРЕДНОШКОЛЕЦ ОД ПРИЛЕП ЧЕТИРИ ГОДИНИ ЛАЖНО СЕ ПРЕТСТАВУВАЛ КАКО НАСТАВНИК, ИМАЛ ПРИСТАП ДО Е-ДНЕВНИКОТ И ДО ПОДАТОЦИТЕ НА ПРОФЕСОРИТЕ ОД ЦЕЛА ДРЖАВА

    СРЕДНОШКОЛЕЦ ОД ПРИЛЕП ЧЕТИРИ ГОДИНИ ЛАЖНО СЕ ПРЕТСТАВУВАЛ КАКО НАСТАВНИК, ИМАЛ ПРИСТАП ДО Е-ДНЕВНИКОТ И ДО ПОДАТОЦИТЕ НА ПРОФЕСОРИТЕ ОД ЦЕЛА ДРЖАВАСредношколецот лажно се претставил како наставник по англиски јазик во основно училиште во Виница. - Чаршијата во Прилеп (архивска фотографија)

    Прилепската полиција поднесе известување против ученик во средно училиште во Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерски фалсификат“.

    Пријавениот, лажно претставувајќи се како наставник по англиски јазик во основно училиште во Виница, креирал профил и стапил во контакт со вработена во Министерството за образование и наука (МОН). Иако таа му укажала дека разговорите со наставници не треба да се водат на социјални мрежи, сепак му креирала официјална електронска адреса од Министерството. Дополнително, му ги доделила лозинките за е-дневникот како на администратор од нејзината корисничка сметка и му наложила да ги координира сите наставници.

    На тој начин, пријавениот имал пристап до податоците на сите професори на ниво на државата, ги координирал и им помагал при водењето на електронскиот дневник. Ова траело од 2022 година до ноември 2025 година. Откако поранешната в.д. директорка го информирала дека професорка пријавила оти некој ги брише податоците од електронскиот дневник во училиштето, пријавениот ги избришал сите лажни профили од социјалните мрежи. Подоцна бил избришан и неговиот службен профил од меилот на Министерството за образование и наука.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира