ВО ХАМБУРГ УАПСЕН 17-ГОДИШНИК ПОРАДИ ПЛАНИРАЊЕ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД

    ВО ХАМБУРГ УАПСЕН 17-ГОДИШНИК ПОРАДИ ПЛАНИРАЊЕ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАДОбвинителите кажаа дека тој планирал да убива неверници и дека меѓу неговите мети бил и трговски центар (Фото: ДПА)

    Седумнаесетгодишник со сириско потекло е уапсен во Хамбург поради планови да изврши терористички напад, објавија властите. Јавното обвинителство на Хамбург кажа дека тој веројатно бил инспириран од Исламска држава.

    Тинејџерот беше уапсен од специјалните сили, по истрагите водени од неколку сојузни агенции и локалната полиција.

    Обвинителите кажаа дека тој планирал „да убива неверници“ и дека меѓу неговите мети биле трговски центар, бар и полициска станица.

    Тој планирал да користи нож, експлозиви или молотови коктели во нападот. Во неговиот стан се пронајдени неколку работи за подготовка на нападот“, соопшти обвинителството.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира